Женските одбојкарски екипи од трите средни училишта во Кавадарци – СОУ Гимназија „Добри Даскалов“, СОЗШУ „Ѓорче Петров“ и СОУ „Ќиро Спанџов-Брко“ – учествуваа на регионалниот натпревар во одбојка.
Натпреварот беше можност за средба, дружење и спортско надмудрување на ученичките, кои преку играта ги покажаа својата умешност, посветеност и тимски дух.
Женската одбојкарска екипа на Гимназијата „Добри Даскалов“ го освои првото место, со што уште еднаш се потврди значењето на спортот како дел од училишниот живот и можност за развивање на здрави натпреварувачки навики.
Ваквите спортски настани придонесуваат за поттикнување на физичката активност, меѓусебното почитување, соработката и дружењето меѓу младите.
Им честитаме на нашите ученички за постигнатиот резултат, а на сите учеснички им посакуваме уште многу успешни спортски настапи!


