Трето место на Државниот натпревар по хемија


Објавено на: 18.05.2015

На 16 мај 2015 година (сабота) на Институтот за хемија на Природно- математичкиот факултет во Скопје се одржа Државниот  натпревар по хемија за учениците од средните училишта.  Учениците се натпреваруваа во четири категории (I,II,III и IV година).

На Државниот натпревар учествуваа најдобрите ученици пласирани на регионалните натпревари.

Од нашата гимназија учествуваше ученикот Мукаетов Благој од II-2, под менторство на  професорката по хемија Даница Пецова.

Тој го освои III место и му беше доделена диплома за освоено трето место во втора категорија, а доби и маичка со логото,,хемија во срцето“ за учество на Државниот натпревар по хемија.

drzaven-natprevar-biologija