Успеси на учениците во спортските натпревари


Објавено на: 18.05.2022

Елиминацијата на останатите две екипи на општинско ниво беше очекувана и со двоцифрена разлика на два од два натпревари се пласиравме на таканаречено зонско натпреварување во Прилеп.
Таму пак, со повеќе вложен труд, енергија и време и се разбира повторно со многу голема самодоверба се пробивме на првото место.
Натпреварувачкиот дух и позитивната енергија меѓу девојките нѐ доведе до две исклучително заслужени победи во Струга. На 06.04.2022 во сала ,,Нико Нестор’’ со победа на регионално ниво на тимот на домаќинот и победа на тимот на Гостивар, го обезбедивме пласманот на Гимназијадата која оваа година се оддржуваше во Струмица.
Ова беше еден предизвик за нас бидејќи сепак, многу е големо задоволството и задолжението да ги претставиме боите на нашето училиште на еден ваков голем спортски настан без простор за грешки.
Се разбира, трпението се исплати во целост и повторно достоинствено се претставивме и го осигуравме второто место со победата на тимот на Струмица и. За жал, претрпевме пораз од страна тимот на Крива Паланка, но тоа не нѐ обесхрабри и понатаму да се пробиваме меѓу најуспешните училишни екипи на ниво на целата држава.
Надалеку може да се забележи сплотеноста и колегијалноста меѓу девојките, што ни дава за право да размислуваме за понатамошни планови и моменти од ваков тип. Секако, должност ни е да ја пофалиме и директорката на нашето училиште која ни го овозможи веќеспоменатото што не би било случај без нејзината поддршка. И покрај активностите од делот на спортот, таа несебично посветува внимание и средства и за активностите од делот на природните и општествените науки. Ова е генерација за која навистина вреди да се посвети внимание но и многу работа сѐ со цел охрабрување за поголеми и многубројни успеси.