Велигденските празници-повод за посета на основните училишта


Објавено на: 25.03.2010

Учениците од економската и правната насока од нашата Гимназија, членови во виртуелните училишни компании „Advert Company“ и „Daskalov Marketing“, заедно со младинската организација „Млади Лидери“ по повод велигденските празници ги посетија осмоодделенците од сите основни училишта од нашата општина и им поделија велигденски честитки.

VeligdenskaCestitka1
VeligdenskaCestitka2
VeligdenskaCestitka3

Целта на овие ученици, предводени од нивните ментори: проф. Костадинчо Петров, проф.Трајче Тодоровски и проф. Лоска Давчева беше да се создаде соработка со основните училишта преку запознавање на учениците-основци со активностите на учениците во Гимназијата, па затоа ги поканија да го посетат нашето училиште.

VeligdenskaCestitka4

Учениците коишто учествуваа во оваа акција беа преполни со впечатоци и позитивно искуство, затоа што имаа чест токму тие да го претсатвуваат своето училиште.