Во рамките на Еразмус+ проектот Heritage Education Learning Program – HELP се одржа видео-конференција со ученици и професори од Гимназија „Добри Даскалов“ Кавадарци со партнерските училишта од Португалија – Agrupamento de Escolas Camilo Castelo Branco, Азорес – Escola Secundária da Ribeira Grande и Турција – Galatasaray Lisesi.
Од нашето училиште учествуваа учениците Ангела Василевска II4, Викторија Алексова II5, Ангела Хаџивасилева II4, Ангел Милков IV1, Витомир Јаневски III4, Миа Мајсторчева II5 и Соња Трпоска III4.
Тема на видео-конференцијата беше споделување на искуствата и искажување на личен став на учесниците за образованието во време на Ковид 19 пандемијата во партнерските училишта и земји, како се одвива наставниот процес, условите за учење, потешкотии и сл.
Видео-конференцијата се одржа на 2. февруари 2021 преку алатката Zoom.