Први декември, светскиот ден на борба против СИДАТА се реализира со едукативни активности. Учениците подготвија презентација со основни и најбитни информации за ХИВ/СИДА, со нагласени превентивни пораки кои средношколците треба да ги знаат и почитуваат.
И оваа година во нашето училиште на 1 Декември, светскиот ден на борба против СИДА-та се реализираше со едукативни активности. Учениците Маја Трајкова III-7, Росана Трајкова III-7, Влатко Димитров IV-3, под менторство на училишниот психолог Душанка Иванова со мотото „ Здравје за здравјето на младите“, подготвија презентација со основни и најбитни информации за ХИВ/СИДА, што претставува, како се развива, начинот на нејзиното пренесување, статистички податоци и секако со нагласени превентивни пораки кои средношколците треба да ги знаат и почитуваат.
Исто така беа изготвени одлични флаери за превенција од оваa засега неизлечива болест и им се поделија на учениците, а кои се надеваме дека ќе придонесат во отстранувањето на ризичното поведение и во развивањето и негувањето на здрави животни навики.