СРЕЌНИ ВЕЛИГДЕНСКИ ПРАЗНИЦИ


Објавено на: 01.04.2010

Денот на Христовото воскресение, Велигден е голем христијански празник што се празнува од вториот век од нашата ера. Велигденското јајце е старо колку и Христијанството и црквата го прифатила во својата традиција и практика како симбол на Христовото воскресение.
Првите христијани и современици на апостолите почнале да бојадисуваат јајца и да ги подаруваат на Велигден, поздравувајќи се со радосниот поздрав Христос Воскресе! На тоа отпоздравувале: Вистина Воскресе!


Така поздравувајќи се, првиот ја соопштува веста за Христовото воскресение, додека вториот ја потврдува, а всушност и двајцата ја исповедуваат својата вера во Воскресението. Оваа практика и до ден денес е запазена во Светото Послание, па верниците со овој поздрав се поздравуваат сè до Вознесението Христово, Спасовден.


Среќни Велигденски празници!

Veligden