Одржано класно првенство во кошарка за прва година


Објавено на: 09.04.2010

Оваа учебна година по иницијатива на учниците од прва година под менторство на проф. по спорт и спортски активности Блашко Клинчаров беше одржано класното првенство во кошарка. 


Во првото коло во групата А се натпреваруваa класовите I-7 и I-5, со резултат од 22:16 во корист на I-7. Втората двојка во групата беше I-2 против I-6. Натпреварот заврши со победа на I-2 клас од 40:23. Во групата Б беше одигран натпреварот помегу I-1 и I-4 кој беше неизвесен до самиот крај и заврши со победа на I-4 од 31:26. По завршувањето на првото коло, веднаш беше направен распоредот за наредното Второ коло. 

KlasnoPrvenstvoKosarka1

Во второто коло во групата А се одиграа натпреварите помегу I-7 и I-2, кој беше и дерби натпревар на колото, а заврши со релутат 21:20 во полза на I-2. Останатиот дел од натпревар го одиграа I-6 и I-5 клас. Натпреварот заврши 17:10 во корист на I-6. Додека пак во групата Б во второто коло беше одигран натпреварот помегу I-1 и I-3 кој заврши со победа на I-1 клас. Со оваа победа тие беа првите влегоа во полуфиналето. 
Третото и последно коло од фазата по групи реши многу дилеми. Во групата А беше одигран натпреварот помегу I-7 и I-6. Победата му припадна на I-7 клас, со резултат од 14:13 и влегоа во полуфиналето. Другата двојка беа I-2 и I-5. Натпреварот заврши со победа на I-2 со резултат од 26:13. По оваа трета победа на I-2 тие трети влегоа во полуфиналето. Во групата Б во третото коло беше одигран натпревар кој беше решавчки во оваа група. Сепак победа извојуваа I-4 врз I-3, со резултат од 27:19. Тие беа воедно и послениот полуфиналист и противник на I-7. 

KlasnoPrvenstvoKosarka2

Полуфиналето беше дочекано со голема радост и од екипите и од публиката. Професорот Б. Клинчаров обезбеди професионален семафор за да биде полесно и поинтересно. Во првиот натпревар помегу I-4 и I-7 победија I-4. Натпреварот беше многу интересен за гледање. Заврши со резултат од 60:48. Во другиот натпревар помегу I-1и I-2 кој исто така беше интересен победија I-1. Тие ќе бидат противници на I-4 во финалето.