Логорување во Горна Бошава


Објавено на: 10.05.2010

Повеќе години наназад нашето училиште организира логорување во стариот интернат во Горна Бошава. Логорувањето го организираат професорите по спорт и спортски активности за учениците кои имаат спорт и спортски активности како проектна активност.

 

Bosava1

Први годинава на логорување замиаа прва година, на 8. и 9. мај (сабота и недела). Првиот ден учениците со здружени сили почнаа со расчистување на интернатот и средување и чистење на собите. Потоа следуваа спортски активности во фудбал, влечење на јаже, „сакате ли војна“. Вечерта се претвори во забава со музика, караоке, погоди ја песната и најдобар виц. Вториот ден го посетивме манастирот Св.Арахангел Михаил, кој ги воодушеви учениците со древноста и со духовната величина.

Bosava2
Bosava3

Сите активности беа организирани од и за ученицие. Некои ги организираа спортските активности, некои друштвените, а некои беа во кујната и ги подготвуваа оброците. Тимската работа нè зближи повеќе и ни ги направи обврските полесни и поинтересни. Ова логорување беше искуство што не се заборава, а секој од нас што го доживеа би сакал да се повтори.

Bosava4