Натпревари на средните училишта на тема „Наноматеријали – материјали на иднината“


Објавено на: 19.02.2013

На 18 февруари 2013 година во СОУ Гимназија „Добри Даскалов“ се одржа школски натпревар за средните училишта на тема „Наноматеријали – материјали на иднината“. Натпреварот го организираат Министерството за образование и наука и Технолошко-металуршкиот факултет при УКИМ и на истиот се имаат доставено 434 апликации на тимови од 45 средни училишта од државата, а пристигнале повеќе од 250 проекти.

Директорката на гимназијата г-ѓа Невенка Поп-Ангелова ги поздрави присутните гости, учениците и нивните ментори, им се заблагодари за нивното масовно учество на натпреварот и им посака да победи најдобриот тим.

Nanomaterijali

IMAG0321

 

Целта на овој натпревар е да се доближи Технолошко-металуршкиот факултет на учениците, кои во минатото мислеа дека ако го завршат овој факултет, ќе завршат во производствениот процес, всушност студентите кои ги завршуваат студиите на техничките науки се подготвени за индустријата на 21 век – од изјавата на министерот Панче Кралев.

Најдобрите тимови и проекти ќе бидат наградени. За првите три места на училишните натпревари наградата изнесува 2.000, 4.000 и 6.000 денари. Најдобрите на републичкиот натпревар кој ќе се одржи во Охрид во месец април ќе добијат награда од 500, 1.000 и 2.000 евра во зависност од постигнатиот резултат.

IMAG0322

14 тима од нашето училиште ги презентираа своите проекти пред петчлена комисија составена од три претставници на Технолошко-метарушкиот факултет: Анита Грозданов, Игор Јорданов и Дејан Димитровски и два претставници од нашето училиште: професорот по физика Илија Ганчев и училишниот психолог Душанка Иванова. По сумирањето на резултатите од страна на комисијата I место освоија Симона Маркова, Зорица Ташева и Гордана Чејкова за проектот „Наносензори“ под менторство на професорката по хемија Магдалена Убавкова, II место освоија Ѓорѓи Шемов и Љупчо Петров за проектот „Графен“ под менторство на професорката по хемија Даница Пецова и III место освоија Верица Крстева, Надица Атанасова и Павле Манев за проектот „Графен“ под менторство на професорката по физика Кристина Крстева.

IMAG0326

IMAG0327

На овој линк можете да ја преземете листата со бодови по првиот дел од натпреварот Наноматеријали – Материјали на иднината од веб сајтот на ТМФ.

Повеќе информации можете да погледнете на овој линк од веб сајтот на МОН.