Предавање и учество на првиот македонски Moodle Moot
Објавено на: 08.06.2018
Осмиот регионален (западнобалкански) и прв македонски Moodle Moot се одржа на 1 и 2 јуни 2018 година во Бизнис Академија Смилевски во Битола.
Нашето училиште активно го користи системот за е-учење Мудл уште од 2010 година и затоа имаше чест да учествува на овој настан.
Организатор на првиот македонски Moodle Moot е Здружението МУДЛ Македонија (http://moodle.mk) каде што еден од основачите е м-р Зоран Милевски, проф. по информатика. На конференцијата тој имаше свое предавање на тема: Искуство во користење на е-учење Moodle во образовниот процес и можност за менаџирање со едукативни аналитики.
На 01.06.2018 година се одржа работилница за МУДЛ. Во неа учесниците имаа можност да се запознаат со платформата и нејзините можностите за користење во наставата. Експерти од електронското учење со платформата МУДЛ ги запознаа присутните за нејзината примена преку поставување на курсеви, преставување на активностите и ресурсите, како и примена на МУДЛ во сите видови на образование преку темите МУДЛ како организациона алатка во образованието на ниво на Универзитет, Факултет, во средно и основно образование, како и примена во неформалното образование и приватните училишта за странски јазици, информатика и математика.
Конференцијата ги вклучи еминентните стручњаци од регионот, кои со своето учество споделија искуства во користењето и надополнувањето на оваа популарна платформа за електронско учење.
Ова е прва конференција посветена на електронското учење (првенствено со платформата МУДЛ), која се одржа во Македонија, на истата учествуваа голем број на учесници, пред се од Македонија, но и имаше голем одзив и на МУДЛ корисници од Србија, Хрватска и околните земји. Освен предавачите на повик од Германија, Австрија и Америка, се реализираа и голем број на излагања, кои ги предложија учесниците, а пред се во секцијата „Примери од добрата пракса“, во која и понатаму ќе се разменуваат искуства во работата со различните верзии на платформата, интернесните додатоци и сл.
За времетраењето на конференцијата беше направена и демонстрација за 3Д печатење од страна на ученици, како што беше и 3Д испечатен и беџот за конфренцијата moodle.mk