Посета на брокерско друштво – ВФП Премиум Инвест


Објавено на: 10.03.2020

                     На ден 09.03.2020 год. учениците од IV-6 и IV-7 од Гимназијата Добри Даскалов
Кавадарци, го посетија брокерското друштво ВФП Премиум Инвест во Кавадарци, заедно со
проф. м- р Жанета Делова, проф. Татјана Ралевска и проф. Слободанка Стојанова.
Учениците беа информирани за работењето на инвестицискиот фонд кој претставува
одлична можност за вложување на парични средства. Овој отворен инвестициски фонд е
управуван од страна на Друштвото за управување со инвестициски фондови ВФП Фонд
Менаџмент АД Скопје, кој е и дел од групацијата за финансиско советување WVP Group од
Грац, Австрија.                                                                                                                                                                                                              На учениците им беше презентирано дека паричните средства се прибираат преку
продажба на удели во Фондот, а Друштвото истите ги вложува во согласност со одредбите
од Законот, Проспектот и Статутот на Фондот. Сопствениците на удели имаат право на
сразмерен дел од добивката на фондот, како и во секое време да побараат исплата (откуп) на
уделот и на тој начин да истапат од фондот.
Инвестицискта цел се остварува преку професионално управување со средствата на
Фондот, односно креирање на портфолио на хартии од вредност на најразвиените и
најрегулираните пазари во светот преку инвестирање во големи компании – Large Caps кои
се лидери во сопствените индустрии и имаат континуирана растечка историја на исплата на
дивиденда кон инвеститорите.