Одбележување на 22 март – Светски Ден на водата
Објавено на: 22.03.2021
На 22-ри Март секоја година, светот преку разни активности го одбележува Светскиот ден на водата.
Оваа година одбележувањето на овој ден е под мотото: „Вредностите на водата“.
По повод овој ден, нашето училиште како и претходните учебни години, се вклучи во одбележување на Светскиот ден на водата. За таа цел, учениците изготвија повеќе презентации со што го одбележаа овој ден.
Учениците работеа под менторство на: Богде Коцева – професор по биологија, Јасминка Ризова – училиштен педагог и Елизабета Иговска – професор по биологија.
Целта на оваа активност и овие презентации е давање значење на водата која живот значи, подигнување на свеста и културата на сите граѓани на повисоко ниво за грижа и чување на водата, штедење на водата, како и придонесување за почиста околина и поздрава средина.
Им благодариме на сите ученици што покажаа активност и интерес за соработка кога наставата се реализира онлајн, преку учење од далечина.
Водата е наше богатство, но и наша одговорност и затоа треба да ја чуваме!
22 март Светски ден на водата
Вода за сите
Загадување на водите
Пијте вода и бидете здрави!
Светски ден на водата