Одржан училишен натпревар по информатика


Објавено на: 24.02.2022

Традиционално и оваа учебна година наши ученици се вклучија во циклусот натпревари по информатика во организација на Здружението на информатичари на Македонија. Најпрво, поради големиот интерес на учениците во просториите на гимназијата Добри Даскалов на 24 февруари 2022 година (четврток) беше одржан училишниот натпревар кој имаше за цел да им овозможи на учениците да се натпреваруваат и да ги покажат своите знаења во областа на информатиката и програмирањето, додека на менторите да направат селекција на претставници кои ќе го претставуваат училиштето на регионален натпревар.

На училишниот натпревар учествуваа 22 ученици под менторство на професорите по информатика Благородна Лазова и м-р Зоран Милевски и тоа:

– Стефан Мустеников I-2

– Арелена Гостимировиќ I-2

– Гоше Алексов I-2

– Никола Јованов I-4

– Филип Попов I-4

– Павле Ристов I-3

– Леонит Настов I-3

– Мишко Грозданов I-3

– Лазар Јанчев I-3

– Орданче Клинчаров I-3

– Драган Ташев I-3

– Јордан Милков II-3

– Даме Тефов II-3

– Благоја Василев II-3

– Анастасија Стојанова II-4

– Стефан Милков III-3

– Ангела Василевска III-4

– Бошко Бошков III-3

– Александар Милков III-3

– Мајкл Георгиевски III-3

– Филип Јанев III-5

– Живко Стоимчев IV-4