Учество на Јавен повик: „Најдобар бизнис план во средните училишта во општина Кавадарци” и освоена 3 (трета) награда
Објавено на: 07.06.2024
На 6 јуни 2024 година во просториите на Локална самоуправа – Кавадарци, беа доделени наградите за Јавниот повик: „Најдобар бизнис план во средните училишта во општина Кавадарци”, организиран од Комисијата за еднакви можности при Локална самоуправа – Кавадарци, а во соработка со Агенцијата за вработување на Република Северна Македонија. Наградите ги додели Градоначалникот на Кавадарци, г-дин Митко Јанчев. СОУ Гимназија „Добри Даскалов” – Кавадарци со ученичката Благица Чадамова од IV-1 клас, под менторство на професорката Лоска Давчева, освои 3 (трета) награда со бизнис планот: „Илустративна сликовница” Покрај наградената ученичка, под менторство на професорката, во натпреварот учество зеде и ученичката Македонка Маркова од IV-6 клас. Презентирањето и одбраната на нивните бизнис планови се реализираше на 23 мај 2024 година во просториите на Локална самоуправа – Кавадарци. Ученичките покажаа ентузијазам, креативност и иновативност во изнесувањето на нивните бизнис идеи. Преку оваа иницијатива, односно Јавен повик за изработка на бизнис план, како основна алатка за водење успешен бизнис, младите се поттикнуваат да влезат во светот на бизнисот и да развиваат иновативни идеи, се јакне нивниот претприемнички дух, а со тоа стекнуваат поголема самодоверба. Сето тоа води кон нивен личен раст и развој.
Текстот го напиша,
Лоска Давчева, професор по економски предмети