Последни настани

The latest news from the Joomla! Team

Одбележани 21-ви и 22-ри Март

По повод 21 Март – Денот на екологијата и 22 Март – Светскиот ден на водата, нашите ученици подготвија две впечатливи изложбени паноа кои беа поставени во холот на училиштето. Учениците со голем ентузијазам ги одбележаа двата важни датуми – Денот на екологијата и Светскиот ден на водата. Преку спој на уметноста и еколошката свест, […]

Одбележани 21-ви и 22-ри Март Read More »

,,Креативност и глас за еднаквост”

Денес ја реализиравме ученичката иницијатива ,,Креативност и глас за еднаквост”, по претходно објавениот конкурс за најдобра ликовна творба и најдобар есеј на тема ,,Дискриминација и заштита на правата на учениците” во рамки на проектот ,,Промоција на безбедна училишна средина”. Преку иницијативата беа обезбедени две паноа, рекламен штанд, материјали за спроведување на активностите и награди за

,,Креативност и глас за еднаквост” Read More »

Горди сме на нашиот успех!

На Државниот натпревар по математика за средно образование, одржан на 7 март 2026 година во Скопје, нашето училиште беше претставено од ученичката Софија Ѓорчева (II година), под менторство на проф. Васка Трендафилова. Софија освои  трета награда и обезбеди пласман на Македонската математичка олимпијада! Честитки за одличниот успех и многу среќа во следниот предизвик!

Горди сме на нашиот успех! Read More »

Учениците во улога на пратеници 

Во рамките на едукативната активност „Имам став“, ученици од СОУ Гимназија „Добри Даскалов“ учествуваа во симулација на постапка за донесување закон во Собранието на Република Северна Македонија. Активноста имаше за цел да ги запознае учениците со функционирањето на законодавната власт, демократските процеси и начинот на донесување закони. За време на симулацијата, учениците имаа можност да

Учениците во улога на пратеници  Read More »

Се одигра регионален натпревар во одбојка за Средни училишта во женска категорија

На 05.03.2026 во четврток, во органицација на училишен спорт во Спортската сала на Гимназијата Добри Даскалов се одигра натпревар во одбојка (Ж) за Средни училишта регион.Учествуваа следниве екипи: 1. СОУ Гимназијата ,,Добри Даскалов” Кавадарци 2. СОУ ,,Св. Кирил и Методиј” Неготино Победник е екипата на Гимназијата Добри Даскалов и му посакуваме успех во понатамошните натпревари.

Се одигра регионален натпревар во одбојка за Средни училишта во женска категорија Read More »

Едукативни предавања за сајбер безбедност

На 11.03.2026 година, во нашето училиште се одржа едукативно предавање и презентација на проектот „Cyber Ready Balkans“, реализирани од претставник на ИМПЕТУС – Центар за интернет, развој и добро управување. Учениците се запознаа со основните аспекти на сајбер безбедноста, можностите за понатамошно образование и кариерен развој во оваа област. Предавањето предизвика интерес кај учениците и придонесе за подигнување

Едукативни предавања за сајбер безбедност Read More »

ХУМАНОСТ НА ДЕЛО – КРВОДАРИТЕЛСКА АКЦИЈА ВО СОУ ГИМНАЗИЈА „ДОБРИ ДАСКАЛОВ“, КАВАДАРЦИ

На 12 март 2026 година, во СОУ Гимназија „Добри Даскалов“ – Кавадарци се реализираше крводарителска акција во која активно учество земаа учениците од училиштето. Тие со голема одговорност и хуманост се вклучија во акцијата, покажувајќи висока свест за значењето на дарувањето крв и помагањето на оние на кои им е најпотребна. Со својата подготвеност да

ХУМАНОСТ НА ДЕЛО – КРВОДАРИТЕЛСКА АКЦИЈА ВО СОУ ГИМНАЗИЈА „ДОБРИ ДАСКАЛОВ“, КАВАДАРЦИ Read More »

“Математика и примени” работилници на ПМФ

Учениците од СОУ „Добри Даскалов“ денес учествуваа на работилници за “Математика и примени” на Природно-математичкиот факултет во Скопје, каде што имаа можност практично да ги применат знаењата од математиката. Тие учествуваа на работилниците „Тајни пораки со Карданова решетка“ и „Бесконечност на хартија – уметноста на фракталите“, преку кои на интересен начин се запознаа со примена

“Математика и примени” работилници на ПМФ Read More »

Гимназијата „Добри Даскалов“ еден од домаќините на XXXIV регионален натпревар по информатика

Гимназијата „Добри Даскалов“ беше еден од домаќините на XXXIV Регионален натпревар по информатика во организација на Здружението на информатичари на Македонија, кој се одржа на 1 март 2026 год. Натпреварот се одржа на пет локации и тоа: Гимназијата „Добри Даскалов“ Кавадарци, Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство – ФИНКИ Скопје, СОУ„Јане Сандански“ Струмица, Гимназија

Гимназијата „Добри Даскалов“ еден од домаќините на XXXIV регионален натпревар по информатика Read More »

КОНКУРС ЗА НАЈДОБРА ЛИКОВНА ТВОРБА И НАЈДОБАР ЕСЕЈ НА ТЕМА: „ДИСКРИМИНАЦИЈА И ЗАШТИТА НА ПРАВАТА НА УЧЕНИЦИТЕ“

СОУ Гимназија ,,Добри Даскалов” во рамките на проектот ,,Промоција на безбедна училишна средина”, објавува Конкурс за најдобра ликовна творба и најдобар есеј на тема: ,,Дискриминација и заштита на правата на учениците”. Ги повикуваме сите ученици да земат активно учество и преку својата креативност да придонесат кон градење на безбедна, праведна и недискриминирачка училишна средина.

КОНКУРС ЗА НАЈДОБРА ЛИКОВНА ТВОРБА И НАЈДОБАР ЕСЕЈ НА ТЕМА: „ДИСКРИМИНАЦИЈА И ЗАШТИТА НА ПРАВАТА НА УЧЕНИЦИТЕ“ Read More »