Последни настани

The latest news from the Joomla! Team

Najubav_podarok_za_klasnata

Најубав подарок за класната

Учениците од II-1 клас на својот класен раководител Ристенка Јосифова по повод празникот 8ми Март и приредија пријатно изненадување – еден час со програма што ја подготвија тие самите. Клавир, гитари, песни, насмевки и ветување дека ќе бидат уште подобри во остварувањето на нивните училишни обврски. Кој класен раководител би останал рамнодушен на овој најубав […]

Најубав подарок за класната Read More »

Голем успех и нов предизвик на полето на математиката

Благодарение на трудољубивоста,посветеноста и љубовта кон природните науки, Љупчо Петров, ученик во III година е еден од најуспешните математичари во нашето училиште. Неколку години по ред постигнува завидни резултати на полето на математиката. Минатата година освои бронзен медал учествувајќи на Македонската олимпијада по математика која се одржа во Скопје.

Голем успех и нов предизвик на полето на математиката Read More »

Topli_napitoci_2012_1

Топли напитоци – природни чаеви

И оваа година на 2 март (петок) во гимназијата беше реализирана активноста „Топли напитоци – природни чаеви“. Оваа активност е дел од богатите содржини на проектот ,,Еко-училиште“. Организатори на настанот беа членовите на Еко-одборот под раководство на претседателот Невенка Поп-Ангелова-директор на училиштето и членови-ученици од прва до четврта година.

Топли напитоци – природни чаеви Read More »

Debata_za_maturantite_fevruari_2012_1

Мојата идна професија

Првата дебата за матурантите од веќе традиционалниот проект Мојата идна професија оваа година ја отворивме со г. Јордан Трајков, генерален директор на винаријата Попова Кула. Дебатата се одржа на 29. февруари 2012 година, во кино-салата на гимназијата „Добри Даскалов“.

Мојата идна професија Read More »

Pelister_-_skijanje_1

Државен натпревар во скијање

По повеќе годишна пауза, скијањето повторно се вклучи во кругот на училишни спортови. На 24. февруари 2012 година, на Пелистер на патеката Копанки се одржа Државното првенство за учениците од сите основни и средни училишта.

Државен натпревар во скијање Read More »

Karneval_Strumica-1

Театарската група “Коштана” на струмичкиот карневал

На 25.02.2012 се одржа традиционалниот Струмички карневал. Оваа година 3000 учесници од различни држави имаа можност да се претстават со оригинални маски, а воедно и да се борат за освојување на главната награда. Како доста значаен и спектакуларен настан карневалското дефиле беше проследено од околу 50 000 гледачи. Спојот на музиката глумата и костимите од

Театарската група “Коштана” на струмичкиот карневал Read More »

Известување за сите поранешни ученици од нашата гимназија

Почитувани поранешни гимназијалци од СОУ Гимназија „Добри Даскалов“ , Ве известуваме дека гимназијата подготвува Монографија – 65 години Гимназија „Добри Даскалов“ Кавадарци, во која покрај останатите податоци се наоѓаат и списоци на сите завршени матуранти од оваа гимназија, со податоци за завршено вишо и високо образование, магистерски и докторски студии (податоци што досега ги имаме

Известување за сите поранешни ученици од нашата гимназија Read More »

Соопшетние за учениците од IV година за Државна матура 2012 – Проверка во Листата на пријавени кандитати

Секој ученик-кандидат за полагање државна матура да направи проверка во Листата на пријавени кандитати (презиме, татково име, име на кандидатот, датум на раѓање и избрани предмети). За веродостојноста на податоците и евентуалните корекции што треба да се направат, потребно е секој кандидат да се потпише во колоната за потпис во Листата на пријавени кандидати кај

Соопшетние за учениците од IV година за Државна матура 2012 – Проверка во Листата на пријавени кандитати Read More »

Snezna_akcija_1

Снежна акција во училишниот двор на Гимназијата

Синоќешните и денешните врнежи снег не ги спречија учениците од Гимназијата да дојдат на училиште. Покрај редовната настава, ученици од трета година во координација на проф. Александар Јорданов го расчистија снегот кон сите патеки во училишниот двор. На крајот, по успешно завршената работната акција, учениците задоволни се затоплија со чај и со другарски разговор.

Снежна акција во училишниот двор на Гимназијата Read More »