Гимназијата го награди класот со најмалку изостанувања со еднодневна екскурзија


Објавено на: 15.06.2017

Дисциплината и одговорноста им овозможија на учениците од I-1 клас, на 01.06.2017 да поминат еден незаборавен ден во височините на Водно. Гимназијата го награди класот со најмалку изостанувања со еднодневна екскурзија. Учениците најпрво го посетија Водно и беа воодушевени од прекрасниот поглед на главниот град и свежиот и чист воздух, потоа го посетија традиционалното „Македонско село“ уживајќи во традиционалната македонска кујна. Еднодневната прошетка ја завршија со посета на трговските центри во Скопје. Нивната сложност заедно со добрата смисла за хумор и прекрасната природа со која беа опкружени, го направија овој ден незаборавен.

19104964 1566345053405230 313029815 o

19074657 1566354626737606 1002027546 o

19072929 1566354620070940 3906945 o