Гранд финале на натпреварот Microsoft Office Specialist


Објавено на: 01.06.2017

На 31.05.2017 во Скопје се одржа Гранд финале на Microsoft Office Specialist натпреварот кој што оваа година повторно се реализира во Македонија. Овој натпревар претставува глобален натпревар кој ги тестира вештините на учесниците во Microsoft Word®, Excel® и PowerPoint® од MS Office 2013 или MS Office 2016. Со учество на овој натпревар учениците добија одлична прилика да ги покажат своите вештини, да се забавуваат и имаат можност да ја претставуваат Македонија во светот и да стекнат големо признание.

Шест ученици од гимназијата „Добри Даскалов“ успешно положија квалификациски испит со што добија можност бесплатно да се натпреваруваат за официјален Microsoft Office Specialist сертификат. Од нив четворица се стекнаа со светски признат Microsoft Office Specialist сертификат.

На Гранд финалето каде што најдобрите 40 од Македонија се натпреваруваа учествуваше ученикот Теодор Делов III-2 под менторство на проф. м-р Зоран Милевски и го освои високото четврто место со освоени 985 од вкупно 1000 поени. Со тоа доби награди од организаторите на натпреварот и признание за високо стекнати вештини и познавања на пакетот на Microsoft Office.

Photo 6-1-17 10 08 00 AM

Директорката на гимназијата г-ѓа Невенка Поп-Ангелова му честита на Теодор за одличниот успех на натпреварот и му посака уште многу успеси понатаму во своето школување.

Последната активност од натпреварот е изработка на најдобра презентација со што учениците во периодот од една недела започнувајќи од 01.06.2017 ќе изработуваат презентација за органзизација при што во изработката ќе почитуваат насоки и строги критериуми се со цел за постигнување поголем ефект на презентацијата. За таа цел Теодор Делов во периодот што следува ќе изработи креативна и ефектна презентација за промоција на нашето училиште.

Photo 6-1-17 8 21 13 AM