Глобална недела на парите – финансиска едукација за младите
Објавено на: 23.03.2022
СОУ Гимназија „Добри Даскалов“ Кавадарци, денес (среда) 23.02.2022 година за настанот Глобална недела на парите, заради обезбедување финансиска едукација за младите имаше посета од страна на Сунчица Нешовска од Триглав Пензиското Друштво и Татјана Милоевиќ од МАПАС Агенција за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување. Оваа агенција е основана заради вршење супервизија на работењето на пензиските фондови со крајна цел да ги заштити интересите на членовите на пензиските фондови (осигурениците).
Агенцијата е одговорна за издавање, повлекување и одземање дозволи за основање на пензиски друштва, дозволи за вршење дејност – управување со пензиски фондови и издавање, повлекување и укинување на одобренија за управување со задолжителни и доброволни пензиски фондови. Таа врши супервизија на работењето на пензиските друштва, задолжителните и доброволните пензиски фондови, како и на чуварите на имот и на странските менаџери на средства.
Учениците од IV-1 и IV-2 клас гимназиско образование учествуваа на ова предавање заедно со Проф. М-р Жанета Делова по економски предмети и имаа можност одблиску да се запознаат со пензиските друштва како што се:
- КБ Прво пензиско друштво АД Скопје
- Сава пензиско друштво а.д Скопје и
- Триглав пензиско друштво АД Скопје.
На учениците им беше објаснето и за приватниот пензиски фонд, кој всушност претставува добра можност за сите корисници и млади и возрасни кои сакаат да си ја обезбедат иднината со еден солиден фонд на средства.