Гостување на наш поранешен ученик, денес студент во Абу Даби


Објавено на: 20.05.2018

Ѓорѓи Шемов е поранешен ученик во Гимназија „Добри Даскалов”, каде што ги заврши првите две години од средното образование. Истото го продолжи во “II. gimnazija Maribor” во Марибор, Словенија, каде што ја изучуваше програмата за меѓународна матура. Денес студира на New York University Abu Dhabi во Абу Даби, ОАЕ.

На 17.05.2018 год. во просториите на гимназијата Ѓорѓи им презентираше на учениците од трета година за своето досегашно искуство од стидирањето во странство, како стигнал до таму, и кои се предностите за студирање надвор од Македонија. Учениците имаа шанса да се запознаат со процесот на аплицирање на универзитети во Америка и Европа, притоа запазувајќи одредени рокови, полагање на соодветни тестови, и типови на апликација. Оваа презентација ќе им послужи на учениците полесно да го изберат и аплицираат универзитетот на којшто би сакале да студираат во случај да се одлучат за студирање надвор од Македонија.

Photo 5-17-18 10 45 48

Photo 5-17-18 10 45 30

Photo 5-17-18 10 45 54