Успеси во областа на спортот


Објавено на: 07.04.2022

Девојките од СОУ „Гимназија Добри Даскалов“ под менторство на Проф. Тимчe Пецов ни докажаа дека сплотеноста, борбеноста и упорноста се клуч до успехот. Нивната тимска работа ги доведе до две исклучително цврсти и заслужени победи во Струга. На 06.04.2022 во сала „Нико Нестор“ со победа на регионално ниво на тимот на домаќинот 30-44 и победа на тимот на Гостивар со краен резултат 28-43, го обезбедија пласманот на Гимназијадата која оваа година ќе де одржува во Струмица. Учеството на регионалниот натпревар го овозможија со убедливиот резултат за време на зонското натпреварување во Прилеп, каде имаа 2/2 победи. За залагањата и натпреварувачкиот дух на учениците е заслужна директорката на училиштето, Јасмина Чулева, и овој успех не би бил возможен без нејзината поддршка.