Zoran Milevski

Ја започнуваме новата учебна година со свечен пречек на учениците од прва година

Со свечен пречек денес ја започнавме новата учебна година, посакувајќи им добредојде на учениците од прва година во нашата гимназија. Директорот на гимназијата им порача на учениците да бидат отворени за нови знаења, храбри пред предизвиците и посветени на своите цели, уверувајќи ги дека пред нив се години исполнети со можности за учење, развој и

Ја започнуваме новата учебна година со свечен пречек на учениците од прва година Read More »

Известување за почеток на новата учебна година

Им се соопштува на сите ученици дека наставата во новата учебна 2026/2027 година, ќе започне на 01.09.2026 година (вторник), и тоа: За учениците од  II, III и IV година со почеток во 08:00 часот, а за учениците од I година со почеток во 09:00 часот. Директорот и вработените на гимназијата им посакуваат успешна учебна година

Известување за почеток на новата учебна година Read More »

„Кожувчанка” и „МИН-ЕКС” со донација на инвертер клима уреди за кабинетите во Гимназијата

Двата кабинети по биологија и хемија во Гимназијата, кои неодамна беа обновени од Ротари клуб, сега се збогатени и со нови инвертер клима уреди, донирани од „Кожувчанка” ДОО и „МИН-ЕКС” ДОО . Голема благодарност до овие две компании за нивната општествена одговорност и грижа за подобрување на условите за учење на нашите ученици. Вакви примери

„Кожувчанка” и „МИН-ЕКС” со донација на инвертер клима уреди за кабинетите во Гимназијата Read More »

Нови кабинети по биологија и хемија со поддршка од Ротари клуб Кавадарци

Со поддршка од Ротари клубот Кавадарци, во СОУ Гимназија „Добри Даскалов“ беа отворени новите кабинети по биологија и хемија, кои значително ќе ги подобрат условите за практична и современа настава. Оваа значајна донација е реализирана благодарение на претседателот на Ротари клубот, г-дин Тодор Ефремов, како и на сите членови и претставници на клубот, кои со

Нови кабинети по биологија и хемија со поддршка од Ротари клуб Кавадарци Read More »

Започна реконструкцијата на спортската сала во Гимназија „Добри Даскалов“

Со завршувањето на учебната година започнаа интензивните активности за целосна реконструкција на спортската сала во СОУ Гимназија „Добри Даскалов“ – Кавадарци. Овој значаен капитален проект се реализира со поддршка на градоначалникот г-дин Митко Јанчев и Општина Кавадарци, кои континуирано инвестираат во создавање подобри услови за образование и развој на младите. Во изминатите години училиштето постојано

Започна реконструкцијата на спортската сала во Гимназија „Добри Даскалов“ Read More »

Отворен ден исполнет со инспирација, дружење и нови почетоци во СОУ Гимназија „Добри Даскалов“ 🎓✨

Денес во СОУ Гимназија „Добри Даскалов“ се одржа „Отворен ден“ за деветоодделенците, кои имаа можност одблиску да се запознаат со наставните програми, кабинетите, професорите и училишниот живот.Преку презентации, активности и дружење, идните средношколци ја почувствуваа атмосферата во гимназијата и добија одговори на сите прашања поврзани со нивното понатамошно образование. Им благодариме на сите ученици, наставници

Отворен ден исполнет со инспирација, дружење и нови почетоци во СОУ Гимназија „Добри Даскалов“ 🎓✨ Read More »

Пролетна акција за чистење „Генералка викенд“

На 8-ми мај 2026 година согласно дописот од Министерството за образование и наука и Бирото за развој на образованието кои ја организираат активноста Еко час, во нашето училиште се спроведоа низа активности кои се дел од големата пролетна акција за чистење наречена Генералка викенд. Оваа акција е организирана со поддршка од „Мен енд маунтен“, а

Пролетна акција за чистење „Генералка викенд“ Read More »