Свечено доделување на наградите од Регионалните и Државниот натпревар по македонски јазик
На 19.06.2017 година на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје беа свечено доделени дипломите и наградите на учениците и менторите од одржаните Регионални и Државни натпревари за средните и основните училишта. Ученичката Елена Ридова од III година, под менторство на професорката Ристенка Јосифова освои прво место на Регионалниот и прво место на Државниот натпревар.






